Бан и Кери за ситуацијата во Газа

Дипломатски напори да се издејствува примирје во Газа се појачани со состанок  во Каиро на генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун и државниот секретар на САД Џон Кери.

Кери вчера допатувал во египетскиот главен град да се придружи на напорите за обновување на примирјето воспоставено во ноември 2012 година, после осумдневната офанзива на појасот Газа.

Тој сега, посе две недели судири, во кои загинаа 600 Палестинци и 29 Израелци, изразил загриженост за палестинските жртви, но ја подрдржал Израелската “одговарачка и легитимна“ воена операција, како што рекол.

Најавил дека САД испраќаат 47 милиони долари во појасот Газа за ублажување на хуманитарната криза.  Се очекува дека Кери ќе остане во Каиро најмалку до среда и денеска ќе се состане со високи египетски претставници.

„Ќе работиме да видиме дали постои некој пат, не само да се стигне до прекин на огнот , туку да се дискутира за горливите проблеми“, рекол Кери на  почетокот на состанокот со шефот на ОН, кој подоцна денеска доаѓа во Израел и на палестинска територија.

Кери апелирал Хамас да донесе одлука и „да поштеди невини цивили“, а тој повик го упатил шефот на Арапската лига Набил ал Араби, кој рекол дека таа организација би требало да го прифати египетскиот предлог за прекинување на судирите.

Хамас тој предлог го одби минатат недела, инсистирајќи на прекин на израелската и египетската блокада на појасот Газа. Бан го повторил повикот на безусловен прекин на огнот.

Тој рекол дека го почитува правото на Израел да се брани против Хамас, но оценил дека рестрикциите кон Газа би требало да се укинат и луѓето да не се впуштаат во овој тип насилство, пренел Би-Би-Си.