Бан Ки-мун бара моментална деескалација на судирите во Сирија

Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун побара моментална деескалација на судирите во Сирија со цел да им се пружи помош на цивилите и да се овозможи чекор кон политичко решение на кризата, пишува МИА.

Бан е известен дека сириската Влада може да ги запре воздушните и артилериските напади врз Алепо во рок од шест недели и оти ќе дозволи достава на хуманитарна помош.

Бан апелира и опозициските сили да престанат со гранатирање на Алепо.

Специјалниот пратеник ан ОН за Сирија, Стефан де Мисутра наредните денови ќе отпатува за Дамаск, каде ќе разговара за планот за деескалација на судирите.