Бан Ки Мун: Двете страни во конфликтот со Сирија ги нарушуваат нормите на меѓународното право

Двете страни во конфликтот во Сирија ги нарушуваат нормите на меѓународното право, што предизвикува хуманитарна криза во земјата, истакнал на отворањето на мировната конференција за Сирија, „Женева-2“, генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки Мун, пренесува „РИА Новости“.

„Сите земји демонстрираат целосно непочитување на хуманитарното законодавство кое предизвикува хуманитарни проблеми во земјата“, изјавил генералниот секретар на ОН.

Бан Ки Мун додаде дека ескалацијата на конфликтот била предизвикана од испораките на оружје од странство, како и од странските борци и радикални групи.