Свет

Бан Ки Мун испратил официјална покана за „Женева-2“ до лидерот на Сириската национална коалиција

Бан Ки Мун испратил официјална покана за „Женева-2“ до лидерот на Сириската национална коалиција

Генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки Мун испратил официјална покана до лидерот на Сириската национална коалиција Ахмед ал Џарба за учество во меѓународната мировна конференција за Сирија, пренесе „ИТАР –ТАСС“, повикувајќи се на портпаролката на информативната служба на европското одделение на ОН во Женева, Корин Момал Ваниан.

„Можам да потврдам дека генералниот секретар испрати писмо до Ахмед ал Џарба, претседателот на Сириската национална коалиција, во кое ја поканува делегација, составена од сириската опозиција, да земе учество на конференцијата во Женева“, рекла Ваниан.