Бан Ки Мун ја обвини армијата и бунтовниците во Јужен Судан дека ја присвојуваат хуманитарна помош

Генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки Мун ја обвини армијата и бунтовниците во Јужен Судан дека ја присвојуваат прехранбените помош и возилата што се користат за хуманитарни испораки, пренесе „Ројтерс“.

„Загрижен сум од бројот на загинати лица при тековните борби во Јужен Судан, што постојано се зголемува, вклучувајќи ги и соопштенијата од вчера во врска со смртта на 200 цивили, кои се удавија во реката Нил, додека се спасувале од насилството во градот Малакал“, се наведува во изјавата на генералниот секретар.