Бан Ки Мун ја отвора конфернцијата на ОН во Виена

Генералниот секретар на Обединтетите Нации (ОН), Бан Ки МУн, денеска ќе учествува на отворањето на конференцијата на светската организација за земјите во развој. Мун синоќа, на виенскиот аеродром „Швехат“, бил пречекан од шефот на австриската дипломатија, Себастијан Курц, со кој заминал на хуманитарна вечера посветена на жтрвите од трговија на луѓе.

Министерството за надворешни работи на Австрија, соопшти дека Мун заедно со Курц разговарале за актуелните теми, како што се украинската криза, борбата против џихадистите, како и мерките за борба против еболата.

Мун денеска ќе ја отвори Втората конференција на ОН за земјите во развој, што е најголема манифестација на ОН во Виена во последните 10 години. На конференцијата ќе учествуваат околу 1.000 луѓе од повеќе од 90 земји.