Бан ки Мун ја повика Приштина да продолжи со дијалогот со Белград

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун изрази загриженост поради политичкиот застој во Приштина и ги повика косовските лидери да ги засилат напорите за изнаоѓање решение. Тој апелираше што побргу да продолжат со дијалогот со Белград, пренесе МИА.

– Особено сим загрижен поради продолжениот политички застој во Приштина и можните негативни последици за досега остварениот напредок во јакнење на демократските институции и процеси на Косово, наведува Бан во извештај до СН на ОН за кој ќе се расправа на 13 ноември.

– Упатувам силен апел до сите косовски политички ентитети и првенствено до нивните лидери, да зајакнат напори за да бидат успешни изборите од 8 јуни и за надминување на актуелниот застој, се вели во документот, јави Танјуг.

Бан додава дека сегашната генерација лидери мора да продолжи со историски процес за нормализација на односите Белград-Приштина, да се помири со минатото, да ги искористи можностите од Договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ и да продолжи со структурални реформи.

– Ги повикувам исто така сите страни да најдат начин да го забрзаат процесот без оглед на краткотрајните политички предизвици, додава тој.