Свет

Бан Ки Мун ја повикува Украина да се воздржи од ескалација на насилството

Бан Ки Мун ја повикува Украина да се воздржи од ескалација на насилството

Генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки Мун ги повика политичките сили во Украина да се воздржат од ескалација на насилството и да започнат преговори, пренесе РИА Новости.

„Генералниот секретар на ОН продолжува постојано и со загриженост да го следи развојот на ситуацијата во Украина. Тој повторно ги повикува страните да избегнуваат ескалација на насилството и повикува да се придржуваат кон демократските принципи за слобода на говорот и организирање на мирни собири. Бан Ки Мун им се обраќа и на двете страни со молба да започнат дијалог меѓу себе и потсетува за потребата да се постигне спогодба меѓу Украинците за иднината на нивната земја“, се вели во соопштението објавено на сајтот на ОН.