Свет

Бан Ки-мун повика на итен прекин на огнот во Јемен

Бан Ки-мун повика на итен прекин на огнот во Јемен

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун денеска повика на итен прекин на огнот во Јемен, првпат откако коалицијата предводена од Саудиска Арабија пред три недели почна со бомбардирања на позициите на бунтовниците од племето Хути.

Бан изјави дека најсиромашната земја од Средниот исток веќе беше во криза пред избувнувањето на судирот, со големо ниво на небезбедност во снабдувањето со храна, која е поголема отколку во насиромашните делови на Африка, пренесуваат британските медиуми.

Неодамнешните борби само ги влошиле овие проблеми и затоа Бан од Националниот прес клуб во Вашингтон порача дека тоа е главната причина заради која ги повика сите страни на прекин на огнот.