Бан Ки-мун повика на одговорност за потонатиот брод во Средоземното море

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун упати синоќа повик до меѓународната заедница да ја подели одговорноста за прифаќање на бегалците, откако во Средоземното Море се случи бродолом, со 700 имигранти на бродот, објави МИА.

Бан изјави дека е загрижен и мошне тажен поради информациите за потонување на бродот ноќта саботата спроти неделата во близина на Либискиот брег.

Тој повика за солидарност не меѓународната заедница и за споделување на тежината на оваа криза.

Италијанската крајбрежна стража не потврди дека бројот на бегалците изнесувал 700, но истакна дека 20-метарскиот рибарски брод можел да превезе неколку стотици лица.