Бан Ки Мун повика на почитување на територијалниот интегритет на Украина

Украинската криза може да биде решена само преку почитувањето на територијалниот интегритет на Украина, изјави денеска генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки Мун за време на прес конференција во Киев, пренесе „АФП“.

„Актуелната криза може да биде решена исклучиво по мирен и дипломатски пат, почитувајќи го принципот за територијален интегритет и суверенитет на Украина“, посочи Бан Ки Мун на прес-конференција.

Генералниот секретар додал дека Украина преживува еден од најдраматичните и тешки периоди во историјата.