Свет

Бан Ки-мун: Во борбата против тероризмот потребни се мерки за безбедност, но и користеење на вооружена сила

Бан Ки-мун: Во борбата против тероризмот потребни се мерки за безбедност, но и користеење на вооружена сила
Бан Ки-мун: Запирање на протокот на мигранти е спротивно на меѓународното право

Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун на пленарната сесија на ПССЕ во Стразбур, го увери Советот на Европа во поддршката од ОН во борбата против екстремизмот и подемот антисемитизмот, исламофобијата и дискриминацијата поврзани со неа, објави МИА.

Бан Ки-мун ја поздрави работата на Советот на Европа во справувањето со овој проблем, вклучувајќи го и прашањето на врските помеѓу тероризмот и радикализација, и Дополнителниот протокол кон Конвенцијата за превенција на тероризмот усвоени од страна на Советот, како и создавање парламентарни алијанси против омразата. Тој најави лансирање во ноември на акциониот план на ОН за спречување на екстремизмот.

„Во борбата против терористичките закани потребно е можеби да се донесат мерки за безбедност, па дури и користење на вооружените сили”, рече тој. Предупредувајќи птиоа со антитерористички мерки да не се кршат човековите права, бидејќи со тоа им се даваат само аргументи на оние кои ги регрутираат терористите.

Бан Ки-мун, од Стразбур испрати и повик за заштита на правата на барателите на азил и бегалците, особено оние мигранти кои го поминуваат Медитеранот и Андаманското Море и Бенгалскиот Залив. Тој се заложи за воспоставување на „легални канали“ во Европа, како што се преселба, визи за семејно обединување и работа и студирање, за да се обезбеди безбедна миграција.

Според Генералниот секретар на ОН, ланската година биле забележани рекордни 60 милиони беглаци низ целиот свет, посочувајќи дека и тој лично го има искуството на бегалец за време на војната во Кореја.

Во врска со конфликтот во Украина, во која според него загинаа повеќе од 6.000 луѓе за нешто повеќе од една година, Бан Ки-мун, го повтори својот повик, „да се направи сè за да се има строго спроведување на договорот од Минск и да се донесе политичко решение“.

– Секое мирно решение, мора да се темели врз заштита на човековите права, обврската на одговорност и правда за жртвите, во една суверена, самостојна и обединета Украина, вели Бан.