Македонија

Бан Ки Мун во Атина: Спорот за името и мигрантската криза беа главни теми

Бан Ки Мун во Атина: Спорот за името и мигрантската криза беа главни теми

Грчките позиции и размислувања за спорот за името му ги претставил Коѕиас на Бан Ки-Мун, на нивната денешна средба на која станало збор и за македонско- грчкиот проблем, додека пак генералниот секретар на ОН, според информациите на Канал 5, го пренел неговиот впечаток од неговото искуство во изминатите години.

Инаку, во премиерската палата по средбата со Ципрас, Ки-Мун доби симболичен подарок од грчкиот премиер – елек за спасување или животна алатка за некои луѓе како што рече Ципрас, изразувајќи надеж дека по договорот ЕУ- Турција повеќе нема да им биде потребен на бегалците. Генералниот секретар на ОН пак малку се збуни и го облече наопаку, но се заблагодари и откри интересен личен детаљ.

Потребен ми е, морам да кажам дека ми е потребен. Секако, и на многу други им е потребен. Јас лично, не знам да пливам. Ако се најдам на брод, можеби ќе ми треба, изјави Бан Ки-Мун, генерален секретар на ОН.

Ки-Мун и се заблагодари на Грција за спасувањето на илјадници човечки животи, а Ципрас уште еднаш ги обвини земјите од балканскиот коридор за затворањето на границите.

За бегалскиот проблем, Бан Ки мун вчера разговараше и со грчкиот претседател, а денес се сретна и со шефот на грчката дипломатија.