Бан Ки Мун загрижен поради ситуацијата во БиХ

Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки Мун, изразил загриженост поради насилствата и уништување на имотот во текот на масовните протести во Босна и Херциговина.

„Грижливо ја следам ситуацијата во БиХ“, изјави Бан, на ручекот кој е одржан за членовите на Здруженијата на репортерите на Обединетите нации.

Тој стакна дека бил загрижен поради сето она што се случува таму, посебно затоа што БиХ е подрачје во кое етнички различните претставници на властите не успеале да формираат обединета влада.

Протестот на незадоволните граѓани во Федерацијата Босна и Херцеговина ескалираа во повеќе градови .