Бан: Меѓународната заедница да стави крај на уништувањето на Хатра

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун изрази загриженост поради уништувањето на древниот град Хатра во Ирак од страна на групата Исламска држава, објави МИА.

Тој ги оквалификува нивните акции како воено злосторство и истакна дека е неопходно да се стави крај на тие пројави.

– Генералниот секретар итно ја повика меѓународната заедница да стави крај на терористичката акција колку може побрзо, и го осудува шверцот со предмети со културна вредност…Генералниот секретар нагласува дека намерното уништување на нашето културно наследство претставува воено злосторство и виновниците треба да одговараат за тоа, соопшти прес службата на ОН.

Освен Хатра, Исламска држава викендов го уништи и градот Дар Шарукин што се наоѓа во Ирак.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.