Бан: Нема оправдување за израелското бомбардирање училиште на ОН во Појасот Газа

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун го осуди израелскиот напад врз училиште во Појасот Газа во кој загинаа 19 луѓе истакнувајќи дека нема оправдување и повика оние кои стојат за тоа да бидат повикани на одговорност.

„Ова училиште на ОН во кое беа засолнети илјадници палестински семејства, претрпеле напад кој е за осуда, изјави Бан за време на посетата на Костарика.

Тој оцени дека чинот нема оправдување и додаде дека бара одговорност и правда.

Училиштетот во бегалскиот камп Џабалија, во кој се сместени повеќе од 3000 луѓе кои бегаа од израелската офанзива, беше гранатирано денеска. Тоа е вторпат оваа недела да е погодено училиште на ОН со бегалци.

Бан упати осуда за израелската армија дека игнорирала известувања за локацијата на училиштето.

„Точната локација на основното училиште е пренесена до израелската армија 17 пати. Последен пат изминатата ноќ, само неколку часа пред нападот, изјави Бан. Тој вели дека израелската армија била свесна за координатите и точната локација каде се тие луѓе

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.