Бан против копнената офанзива на Израел

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун предупредил дека премногу  палестински цивили се убиени и го повикал Израел да ги отфрли плановите евентуално да изврши копнена офанзива.

Тој го повторил повикот на примирје и рекол дека “чуствува одговорност за Палестинците кои, особено во Газа, веќе долго немаат чуство и достоинство кое го заслужуваат“, сооштил неговиот портпарол.

Изгледа дека ситуацијата во Газа, со најмалку 170 убиени Палестинци и без израелски жртви се влошува, рекол Бан Ки-мун и предупредил дека повикот на ОН на примирје не се уважува, пренел АФП.

Генералниот секретар на Н повторно го осудил движењето Хамас во Газа заради исфрлените ракети на Израел, барајќи „моментален прекин на таквите недолични инциденти“.

Од друга страна, Бан нагласил дека се „убиени премногу палестински цивили и дека копнената офанзива на Израел, без сомнение ќе го зголеми билансот на жртви и ќе го влоши патењето на цивилите во Појасот Газа“.

„Во интерес на двете страни е веднаш да превземат чекори кон воспоставување на контрола на опасните судири и мерки за запирање на борбите, за да спречат создавање на нови жртви и уште поголем ризик за регионалниот мир и безбедност“, истакнал Бан Ки-мун.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.