Банани „филувани“ со кокаин завршија на полиците во Прага

Во продавница во Прага, во банани била откриена пратка со 50 килограми кокаин, чија вредност на црниот пазар би достигнала вредност од околу 3,7 милиони евра, јавија чешките медиуми.

Пратката со бананите во кои се наоѓал кокаинот пристигнала од Комулбија а е пронајдена на полиците во продавница во Лидл, на периферијата во Прага.

Чешката Национална централа за борба со наркотици од вчера го истражува случајот но до сега, не се пронајдени нови сомнителни пратки.

Полицијата и царината на оваа земја, пред извесен период воведоа посебни мерки за пратките кои пристигнуваат од Јужна Америка.

Минатата година, германската полиција во Берлин пронајде пратка со 140 килограми кокаин, која исто така била пристигната од Колумбија.