Банбери: Постои голем ризик од ширење на ебола во другите делови на светот

Шефот на мисијаѕа на Обединетите Нации во борбаѕа против еболата во западна Африка, Тони Банбери, денеска изјави дека постои голем ризик ова смртоносно заболување да се прошири во другите делови во светот.

Тој не сакал да прецизира дали се исполнети целите кои порано биле одредени во борбата против еболата.

Во текот на октомври, Банбери во неговото обраќање на Советот за безбедност на ОН изјави дека доколку сака да има успешна борба со заболувањето, до 1 декември сите заразени од ебола мораат да бидат под ист третман, а 70 отсто од починатите се закопани за безбедни локации.