Банда мигранти силувале 10-годишно момче во Шведска

Шведските полицајци морале да бегаат откако биле опколени од група мигранти. Имено полицијата отишла за да спаси 10-годишно момче кое повеќе пати било силувано, јавува „Дејли Експрес“.

Десетината полицајци морале да се засолнат откако пристигнале во центарот за азиланти и да го побараат момчето кое било жртва на повеќекратни силувања.

Тие морале да излезат од излезот за евакуација од пожари откако биле опколени од банда мигранти во Центарот за азиланти Вестерас во Шведска.

Овој инцидент се длучува само два дена откако вработена во Центар за мигранти во Шведска беше избодена до смрт од 15-годишен бегалец.

Вработена во Центар за мигранти избодена до смрт од 15-годишен бегалец
Вработена во Центар за мигранти избодена до смрт од 15-годишен бегалец

Инцидентот следел откако властите во Шведска одлучиле да релоцираат дел од бегалците од Центарот по пријавите за слоупотреба на деца.

Додека вработените во Ценатрот се обиделе да го спроведат преселувањето, некои од мигрантите почнале да дејствуваат насилно поради што била повикана полиција.