Свет

Бандата „Пинк пантер“ повторно во акција

Бандата „Пинк пантер“ повторно во акција

Тројца крадци се послужиле со лукаво смислен трик за да влезат во реномираната златарница „Шулин“ во Грац, Австрија.

Еден од нив нормално облечен чекал пред сигурносната врата со букет цвеќе во рацете.

„Вработените помислиле дека сака да го подари на некој од вработените и го пуштиле внатре“, раскажал претставник на полицијата.

Во истиот миг двајца маскирани, вооружени соучесници се појавиле зад аголот и влегле во продавницата. Држејќи пиштоли во рацете викнале: „Сите на земја“.

Сопственикот на златарницата, четворицата продавачи и еден муштерија ги послушале, а разбојниците ги изкршиле витрините и се послужиле.

Веднаш потоа разбојниците исчезнале. Полицијата претпоставува дека ќе се обидат да ја напуштат земјата, па поради тоа границите се затворени. Иронијата е тоа што ограбувачите на местото на настанот оставиле букет цвеќе и едно оружје.

Истрагата покажала дека меѓу украдените скапоцености е и семејниот накит на еден познат претприемач од Грац кој го однел во златарницата на поправка.

фото: blic.rs