ФОТО: Антонио Бандерас станува моден дизајнер?

Антонио Бандерас станува моден дизајнер. Познатиот актер ги изненади своите следбеници на социјалните мрежи кога неодамна објави дека се запишал на една од најпрестижните модни школи „Сентрал Сент Мартинс“.

Антонио Бандерас станува моден дизајнер?
Антонио Бандерас станува моден дизајнер?

Снимив 92 филма, и иако немам намера да се занимавам со глума, постојат работи што веќе подолго време ме интересираат, а на кои неможев да им се посветам, открива славниот Шпанец.

Тој додава дека работата врз неговиот парфем „Antonio Puig“ го инспирирала да зачекори во светот на модата и дизајнот.

Светот на парфемите и близок до модата. Кога влегов во студиот со моделите и со облеката ја сфатив важноста на она што го облекуваме, важноста на бојата и облиците со кои што испраќаме некаква порака – изјави познатиот актер и откри дека промените во приватниот живот го натерале да ги оствари своите долгогодишни желби, односно, да почне да се усовршува на подрачјето на дизајнот.

Антонио Бандерас станува моден дизајнер?
Антонио Бандерас станува моден дизајнер?

„Интензиво, возбудливо и забавно во исто време. Најдобриот период во мојот живот“. Ова го напиша Бандерас под фотографиите што ги објави на Инстаграм

Бандерас минатиот месец наполни 55 години. Тој поседува сопствена линија парфеми и сопственик е на шпанската компанија „Пуиг“ која се занимва со мода и парфеми.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.