Балкан

Бандиќ демантира дека ја злоупотребил должноста

Бандиќ демантира дека ја злоупотребил должноста

Градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ на распитот пред иследниците од хрватската служба за сериозен корупциски криминал УСКОК, ги отфрлил сите обвиненија за учество во корупциски зделки.

Бандиќ доцна синоќа бил сослушан во просториите на службата, по што бил вратен во истражниот затвор. Адвокатот на Бандиќ изјавил дека неговиот клиент ги отфрлил сите обвиненија.

Градоначалникот на Загреб беше уапсен во неделата заедно со извршниот директор на „Загребски холдинг“, Слободан Љубичиќ, сопственикот на компанијата за индустриски отпад ЦИОС, Петар Припуз, и 16 други лица под сомнеж за извршени серија кривични дела поврзани со злоупотреби на буџетот на хрватскиот главен град.

Апсењата биле извршени по неколкумесечна истрага за злоупотреби во градската управа и „Загребски холдинг“, а уапсените лица се осомнилени за серија кривични дела, поврзани со корупција, злоупотреба на службената положба и трговија со влијание.