среда, 29 март 2017  |  Вести денес: 0

Бане Мојиќевиќ: Не сум видел повесела публика од македонската

111

Поврзани вести

Тој е прва ѕвезда на Гранд продукција, а минатата година публиката имаше можност да ужива во неговите настапи и во реалното шоу  “Твоето лице звучи познато”, каде што и ја однесе победата.

Во краток разговор за Нетпрес, Бранислав – Бане Мојиќевиќ открива…

DSCN2408

На само седумнаесет години доживеа голема популарност со победата во „Ѕвездите на Гранд“. Колку тоа ти го промени животот?

-Учеството и победата во „Ѕвездите на Гранд“ ми го променија животот, а ме проенија и мене. Од живот на едно обично седумнаесетогодишно момче влегов во животот на музиката и естрадата. Ден денес ја работам работата која ја сакам, патувам, имам многу настапи и концерти. Со еден збор го остварив мојот детски сон.

Што ти донесе учеството во реалното шоу ТЛЗП?

-Со победата во “ Твоето лице звучи познато“ го променив мислењето на другите кон мене, ги заслужив нивната почит и внимание.

На прашањето дали го следи овогодишно ТЛЗП, Бане ни откри дека поради честите патувања и недостигот на слободно време не е во можност, но додаде дека од она што го видел кога имал можност најголем впечаток му оставиле Никола Роквиќ и Каја, за кои вели дека ги покажале своите квалитети.

Што следно подготвуваш за својата публика?

-Наредниот период подготвувам многу квалитетна музика и нов албум. Почнавме со песната “Дојди”, која за кратко време се здоби со големи симпатии кај публиката. Го подготвувам  и видео спотот за песната, открива Бане.

Во план е и турнеја низ целиот Балкан, вклучувајќи ја и Македонија, која многу ја сакам и каде што имам многу пријатели, додава тој.

DSCN2404

Каков впечаток ти остава македонската публика?

-Македонската публика е дефинитивно највеселата и најпозитивната која сум имал можност да ја запознаам. Македонците и Македонките се многу отворени, великодушни, а воедно се и многу весел народ, што на нам музичарите многу ни значи, вели за Нетпрес, Бане Мојиќевиќ.

Најчитани вести