Бангладеш: Најмалку 24 лица го загубија животот во циклон

Најмалку 24 лица загинаа, а илјадници останаа без своите домови, откако циклонот Роану го погоди јужниот дел на Бангладеш, соопштија претставници.

Евакуирани се над 500.000 лица, а властите наведуваат дека илјадници луѓе останале заробени во своите домови во десетина поплавени села.

Претставник на метеоролошката служба соопшти дека циклонот ги погодил крајбрежните области Барисал и Читагонг, а оти брзината на ветрот изнесувала меѓу 62 и 88 километри на час.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.