Банка на Македонија е соодветно ново име за НБРМ

НБРМ: Продолжувањето на кризата ќе го намали растот на економија
НБРМ: Продолжувањето на кризата ќе го намали растот на економија

Банка на Македонија, е предлогот на Владата за новото име на Народната банка на Република Македонија.

Според гувернерот на НБРМ, Димитар Богов, во меѓународната пракса има примери и за досегашното име и за идното име на Централната банка.

„Преовладува новата опција за името. Во светот имаме Банка на Франција, Банка на Шпанија, Банка на Англија, така што тој тип на име доминира“, изјави Богов.

Тој додаде дека со промена на името ќе се менуваат и банкнотите, но оти тој процес ќе се одвива постепено, со печатење нови банкноти кога од употреба ќе се повлечат старите поради излитеност.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.