Банката „Креди Свис“ ќе им плати казна од 2,5 милијарди долари на САД

Министерството за правда на САД соопшти дека втората по големина швајцарска банка, „Креди Свис“ се согласила да им плати на американските власти повеќе од 2,5 милијарди долари казна, откако ја призна вината по прашање на обвинението дека им помагала на своите богати американски клиенти да го избегнат плаќањето на даноци.

Тој додаде дека спогодбата склучена со банката покажала дека ниту една финансиска институција не е над законите.

Случајот против швајцарската банка беше отворен по истрагата на сенаторската подкомисија, која утврди дека таа им дала можност на најмалку 22.000 богати Американци да затајат данок од американските даночни власти во износ меѓу десет и 12 милијарди долари.

Американскиот секетар за правда на прес конференцијата изјави дека „Креди Свис“ е првата финансиска институција која ја признала вината за таквото однесување во изминативе две децении.

Со тоа, нагласи, Холдер, „Креди Свис“ го задржува своето право да ги продолжи своите активности во САД.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.