ВЕЧЕР: Банката потврди – Катица Јанева е партиска колешка на Зоран Заев

банка

Ова е банкарска уплатница од Катица Јанева за нејзиното членство во СДСМ, и тоа на чекор пред да биде избрана за специјална јавна обвинителка. Нема веќе дилема, Катица Јанева е активен член на СДСМ, заедно со амнестираниот и обвинет Зоран Заев против кого божемски води постапка, како и со нејзиниот сват Сашо Поцков, иден пратеник на СДСМ. Со ова кариерата, угледот и влијанието на Катица Јанева е завршено не само за Македонците туку и кај Американската амбасада. Следи постапка за разрешување, затоа што на обвинители и судии, партиски членства и активности не им се дозволени.

Уплата од 400 денари со цел на дознака: верификација на членство СДСМ. Со своерачен потпис, наведен матичен број 0902965хххххх, (кој заради заштита на лични податоци останува познат на редакцијата) специјалната јавна обвинителка Катица Јанева на 31 јули 2015 година, преку филијала на банка во Чаир, на формулар од Еуростандард банка ги уплатила овие пари како верификација на членство во СДСМ.

Како примач на уплатницата е наведена партијата СДСМ со сметка во Комерцијална банка со број: 300000003699ххх. (позната на редакцијата)

Адресата која ја навела под името е: “Маркс и Енгелс” бр.x-х/х (влезот и станот познати на редакцијата). Тоа е зградата во строгиот центар на Скопје, кај познатата “Палета”, односно книжарницата “Студентски збор” ако сакате.

Сето ова стои во документот до кој дојде “Вечер”, а кој можете и сами да го видите.

2

Веднаш направивме компарација на јавно достапните документи на интернет, објавени од други медиуми на кој стои потписот на Катица Јанева. Потписот на оваа уплатница е ист како потписите на Јанева на еден документ за нивите со смокви во Гевгелија и потписот ставен на официјален документ од Специјалното јавно обвинителство.

Потоа, излеговме на терен на наведената адреса во центарот на Скопје и разговаравме со центарци дали знаат кој живее на “Маркс и Енгелс” блок 3, дали е тоа специјалната јавна обвинителка Катица Јанева?

– Не знам дали баш во тој стан, но да, сум ја видела тука, сведочи една од сосетките во блок 3.

– Не знам точно во кој стан, но често сум ја гледал, да, Катица Јанева живее тука, ја гледам како оди и си доаѓа после работа. Понекогаш по неколку дена ја нема, но често е тука, потврди уште еден постар жител на славниот блок 3.

3

На веб-страницата на УЈП, за СДСМ е наведена друга сметка во Комерцијална банка, различна од онаа на која Катица уплатила верификација на членство.

Според Законот за платен промет, правни лица и организации немаат ограничувања колку сметки ќе отворат и во колку банки. Така што, се поставува и прашањето колку непријавени сметки има СДСМ и за кои намени ги користи.

Побаравме потврда или демант за уплатата од Банката, но одговор до овој момент нема.

432098-bankata-potvrdi-katica-janeva-e-partiska-koleshka-na-zoran-zaev

Катица Јанева беше избрана за Специјален јавен обвинител на 16 септември 2015 година.

Уплатата за верификација на членство е направена 45 дена пред изборот.

Специјалната обвинителка Катица Јанева се уште нема одговорено на официјално поставените прашања дали е член на СДСМ. Молк и од Специјалното обвинителство.

На 4 ноември, весникот “Дневник” објави фотографија од членската книшка на Катица Јанева во СДСМ.

Име: Катица, презиме: Јанева, датум на раѓање: 9.2.1965 година, член на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија од 2004 година, вака изгледа членската книшка од СДСМ на специјалната обвинителка до која дојде “Дневник”. Во неа, освен личните податоци на обвинителката од десната страна, стои и потписот на поранешниот претседател на СДСМ, Бранко Црвенковски, а симболите на партијата и серискиот број: 038196 се на левата страна.

432099-bankata-potvrdi-katica-janeva-e-partiska-koleshka-na-zoran-zaev

Весникот наведува дека до членската книшка дошле на 1 ноември, но до денес нема никаква информација ниту демант ниту од специјалната обвинителка Катица Јанева, ниту од СЈО.

Еден ден подоцна, преку соопштение во три реда, СДСМ реагираше: Катица Јанева ниту била, ниту е член на СДСМ.Но, овој втор документ за партиската определеност на Катица Јанева ги побива сите тврдења на СДСМ.

Јавноста веќе е запознаена со близината на семејството на Јанева со партијата предводена од Зоран Заев, но не само нејзини роднини, ами и вработени во самото СЈО.

СЈО е легло на непотизмот и партиска испостава на СДСМ

На 22 октомври Јанева во гостување во емисијата Топ-тема на Телма телевизија призна дека јакнењето на капацитетите на СЈО подразбира вработување на нејзини роднини како дел од тимот. Тоа е вработувањето на внукот од сестра на Катица Јанева, Ѓорги Делиџаков од Гевгелија, студент по економски науки.

– Да, бидејќи сите се свесни дека е на определено време. Има роднински врски во нашето обвинителство со компетентни кадри. Каков непотизам е тоа што некои помошни работи врши, а јас сум јавен обвинител. Да, го вработив мојот внук да работи како економски приправник, гордо потврди Јанева.

И други кадри на СДСМ се најдоа на платен список во Специјалното јавно обвинителство.
СЈО на 1 октомври објави оглас за 12 работни места, а се барале 37. Огласот бил објавен во „Утрински весник” и во “Коха”. Добиле 41 пријава. Од нив е избран познатиот Боки Бургија, човек познат од митинзите на СДСМ, и осудуван за измама и за потешки дела од областа на безбедноста во сообраќајот.

Проверувајќи ги овие аргументи, утврдивме дека Јанева не е прва во фелата со членска книшка на СДСМ.

Уште во 2008 година, медиумите отворија голема афера со претседателот на Штипскиот суд, Миланчо Рамбабов, кој на 21 април 2003 година се зачленил во партијата. Уште поинтересен е фактот што сега Катица Јанева ја вработува токму неговата ќерка Катерина Рамбабова, чија мајка беше кандидат за пратеник на СДСМ.

Претседателот на Основниот суд Штип, Миланчо Рамбабов, има членска книшка на Социјалдемократскиот сојуз. Тој се зачленил на 21 април 2003 година, кога СДСМ беше на власт. Во моментот кога судијата Рамбабов станал член на партија, според тогашниот Закон за судови, тоа било основа за разрешување на судијата. Но место да биде казнет, тој добил унапредување, и по една и пол година бил избран за претседател на Судот.

Од неодамна на платниот список на Катица Јанева и СЈО се наоѓа и Миле Трајковски, советник од редовите на СДСМ во Советот на Општина Крива Паланка.

СЈО прерасна во Завод за вработување на фамилиите на обвинителите

Откако Катица Јанева си го вработи внукот, сватовите и останати членови на пошироката фамилија, ова право го искористува и Лиле Стефанова која си го вработила кумашинчето, пишуваше “Инфомакс”. Вујкото на кумашинчето на Стефанова пак е член на ДИК од Радовиш кој ги застапува интересите на СДСМ, додека пак неговата сопруга е обвинител од Велес, пишува порталот.
Во низата семејни вработувања е ќерката на Борис Тунџев, кој пак се подготвуваше да биде дел од изборните листи за пратеници на СДСМ.

Весникот “Дневник” објави дека во СЈО е вработена Елена Јосифовска, ќерка на обвинителката Елизабета Јосифовска, како и првиот братучед на обвинителот Гаврил Бубевски.

Меѓу последните вработувања е и ќерката на екс пратеникот на СДСМ Еско Рахиќ, Берниса Рахиќ. Тој во сите јавни настапи ги бранеше позициите на Специјалното обвинителство.

На прес-конференциите СЈО избегнува да одговори кој се се вработува во оваа институција, а по електронски пат не одговара.

Во Романија за непотизам кривично се одговара – во СЈО, унапредуваат!

Поранешната пратеничка од романската Социјалдемократска партија, Оана Никулеску, Мизија, пред неколку дена е осудена од Врховниот касациски суд на една година затвор условно по обвинение за конфликт на интереси, пренесе агенцијата “Аџерпрес”.

Поранешната народна претставничка била обвинета дека ја најмила мајка си за работа во својата парламентарна канцеларија. Првично во октомври 2014 година, Оана Никулеску Мизија е осудена на три години затвор условно. Петчлен судски состав и ја усвои жалбата и ја намали казната.

Според обвинителите, нејзината мајка Лидија Никулеску Мизија Штефанеску реализирала приходи во износ од 14.500 евра за својата работа во парламентот во периодот од мај 2009 до септември 2011 година. Во март 2015 година Оана Никулеску поднесе оставка како пратеник.

Хан: Сите треба да се свесни за својата одговорност

Пред неколку дена еврокомесарот Јоханес Хан среде Брисел јавно беше прозван да одговори за партизираноста на Специјалното обвинителство.

– Според вашите зборови, и она што е стипулирано во извештајот за Македонија, барате широка поддршка за СЈО, но според последните независни истражувања на јавното мислење дури 65% од граѓаните не веруваат дека таа е независна. Дури 90% од вработените во СЈО се високо рангирани членови на комунистичката Социјалдемократска партија. Таа исто така поднесе неколку обвиненија кои се комплетно неосновани за што дури и студентите од Правниот факултет и се смеат. Затоа, како можете да очекувате од општеството, од политичките партии да ја поддржат? – гласеше прашањето на дописникот на МИА од Брисел, Бобан Нонковиќ.

– Јас не сум судија и затоа не сакам да судам за работата на адвокатите. Таа мора да ја работи нејзината работа, да ги презентира нејзините резултати пред Судот, а потоа тој да одлучи. Мислам дека сите се однесуваат во потполно одговорен и професионален манир. Дефинитивно не е лесна ситуацијата во земјата, за некои клучни луѓе во земјата, но мислам дека ова е неопходен елемент за натамошна нормализација во земјата. Затоа во таа смисла, се надевам дека сите се свесни за својата одговорност ги преземаат неопходните мерки и ја почитуваат меѓусебната работа – рече Хан.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.