Банките најавуваат зголемена кредитна активност

ФОТО: МИА

Првиот човек на Здружението на банкарство при Стопанската комора, Ѓорѓи Јанчески истакна дека банките ќе продолжат со кредитирање на реалниот сектор, но исто така најави и зголемување на кредитните активности.

„Не сме застанале со кредитирањето, продолжуваме со тие активности. Во услови кога бевме во рецесија, не можевме да кредитираме. Но, позитивните движења од јули наваму укажуваат на тоа дека, до крајот на годината и почетокот на следната година, кредитната активност на банките ќе се зголеми.Ликвидацијата е голема, пари има и тие треба некаде да се потрошат,“ изјави Јанчески.

Во однос на забелешките дека, сепак малите банки се тие кои повеќе даваат кредити на компаниите, првиот човек на НЛБ Тутунска банка укажа на тоа дека пазарот и пазарното учество се менлива категорија и нормално е да има промени. Иако, влијанието на големите банки е поголемо во кредитирањето.