Банкнотата од 500 евра веќе нема да постои?

Гувернерот на Европската Централна Банка Марио Драги најави дека се подготвени да ја разгледаат можноста за престанување на печатење на банкнотата од 500 евра поради тоа што таа и помага на криминалната дејност.

Драги истакна дека размислуваат за овој потег поради постојаните предупредувања од полицијата дека токму овие банкноти најмногу се користат на црниот пазар.

Сепак, членовите на управниот одбор на банката бараат и дополнителни докази дека не станува збор само за навестувања.

Користењето на банкнотата од 500 евра во Велика Британија е во прекин, а истите неможат да се добијат ниту во банките ниту на банкоматите уште од 2010-тата година, затоа што 90 отсто од побарувачката за нив доаѓале од криминалните кругови.

Централната банка на Италија опиша на кој начин банконотите со високи апоени им угодуваат на криминалните активности, како што е продажбата на дрога или затајувањето данок, затоа што е многу полесно да се пренесат парите или да се сокријат.

-Криминалот е дејност во која се плаќа исклучиво во готовина па банкнотите со високи апоени помагаат, објасни италијанската полиција, која проценува дека 90 отсто од банкнотите од 500 евра циркулираат во мафијата.

Повлекувањето на тие банкноти го разгледува и финска,  а САД банкнотите од 1.000 долари ги повлече од пазарот уште во 1969-тата година, откако било утврдено дека им помагаат на криминалците во развојот на црниот пазар.

Претходно ЕК најави истрага за сомнително големиот број банкноти од 500 евра што се во оптек во еврозоната, а Драги тогаш истакна дека се во фаза на проучување на проблемот и дека сеуште не одлучиле како да го решат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.