Свет

Банког: Возачот заспал, загинале 29 патници

Банког: Возачот  заспал, загинале 29 патници

Најмалку  29 патници загинаа, а четворица се тешко повредени откако автобусот паднал во длабока провалија на североистокот на Тајланд, соопшти денеска локалната полиција.

Трагичната несреќа се случила околу полноќ, во округот Лом Сак во покраината Фетчабун, додека автобусот патувал на север.

„Се сомневаме дека возачот на автобусот заспал. Пронајдовме 28 тела во провалијата која е длабока околу 30 метри, а еден почина во болница“, соопштил командирот на полицијата, пренесе АФП.

Тој додал дека четворица се болница и се во критична состојба. Според очевидец, автобусот се возел со голема брзина пред да падне во провалијата.

Автобусот во кој се превезувале 40 патници е целосно уништен.