Македонија,Економија

Банкоматите ќе станат и менувачници

Банкоматите ќе станат и менувачници

Доколку имате потреба од странски валути, а немате во близина менувачница, тоа ќе може да го правите преку банкоматите, предвидуваат измените и дополнувањата на Одлуката за менувачки на Народната банка на Македонија

Со оваа новина се воведува можност за купопродажба на ефективни странски пари и денари на физички лица преку банкомат со функција за менувачко работење.

На тој начин, наведуваат во соопштението од НБРМ, современите технологии кои што се достапни за останатите банкарски производи, отсега ќе се овозможат и во менувачкото работење.

Главните придобивки за клиентите би биле брзината на услугата и достапноста на услугата независно од работното време на банките.

Оваа новина засега би била дозволена само за банките, кои што ќе имаат обврска за секој поставен банкомат со менувачка функција да достават известување со соодветна документација до Народната банка. Воедно, со Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за менувачки работи се избриша обврската за овластениот менувач да врши продажба на нерезиденти само врз основа на реоткуп.