Барак и Мишел Обама ќе бидат продуценти на „Нетфликс“

Поранешниот претседател на САД, Барак Обама и неговата сопруга Мишел, потпишаа повеќегодишен договор со компанијата „Нетфликс“ и ќе бидат продуценти на некои идни филмови и серии.

Поранешниот претседател и неговата сопруга ќе имаат опција да продуцираат и документарни филмови – соопштија од „Нетфликс“ .

Обама на своите соработници им соопштил дека со ова нема намера да води кампања против неговиот наследник во Белата куќа, Доналд Трамп.

Барак и Мишел Обама претходно основаа компанија под име „Хајер граунд продакшнс“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.