Свет

Барак Обама: „Мрачна тактика“ на Русија

Барак Обама: „Мрачна тактика“ на Русија

Обама вчера присуствувал на одбележувањето на 25 години од падот а комунизмот во Полска и во таа прилика ја осудил Руската „агресија“ во Украина. „Како можеме да дозволиме на една мрачна тактика на 20 век да го дефинира 21 век“ рекол Обама. Тој во Варшава претходно се сретнал со Петар Порошенко, новоизбраниот претседател на Украина. Одлуката на украинските бирачи да го изберат Порошенко, тајкунот познат како “кралот на чоколадото“, Обама го означил како мудар избор. Во краткото обраќање кон украинските и американските новинари после разговорите, Обама рекол дека со идниот претседател на Украина ги разгледал плановите за смирување на ситуацијата во таа земја. Обама потоа отпатувал за Брисел на дводневен состанок на Г7 на кој Русија и Украина ќе бидат една од главните теми.

Путин тврди дека Русија нема никаква намера да ја припои соседна Украина и на југоистокот на таа земја нема ниеден руски војник. Во интервју за француските медиуми, Путин изразил надеж дека моменталната ситуација „не претставува нова етапа на студената војна“. За одбивањето на Обама на директната средба рекол дека е тоа избор на Обама. „Јас сум спремен на дијалог“, рекол Путин, но и додал дека е американската политика е најагресивна.