Барале да ги однесе до автобуска, па му го украле авромобилот

Вчера во 18,00 часот во с.Јурумлери–Скопје на регионалниот пат нас.Хиподром-с.Петровец, на крстосницата со патот за Г.Лисиче, од страна на две засега непознати лица извршено е разбојништво над Т.Б.(1997) од с.Јурумлери, при што му одзеле ПМВ „Поло“ со скопски регистерски ознаки.

Имено, лицата го запреле Т.Б. на автобуската постојка и го замолиле да ги превезе до следната автобуска постојка кај нас.Колонија, а кога сакал да застане за да се симнат, едно од нив извадило пиштол и му рекло да продолжи со движење и се упатиле кон КПД – Идризово.

Таму го исфрлиле од возилото и со истото заминале во правец на с.Петровец.

СВР-Скопје превзема мерки за пронаоѓање на сторителите и расчистување на настанот.