Барања за договор за арондација најдоцна до 27 ноември

Земјоделците кои користат државно земјоделско земјиште дадено во постапка на арондација, а ги немаат регулирано имотно-правните односи, треба до 27 ноември годинава да поднесат барање до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за склучување договор за размена.

Од надлежното министерство информираат дека кон барањето треба да се достави и изјава заверена на нотар со која се потврдува дека 20 години непрекинато го користел земјоделското земјиште кое му е доделено во постапка за арондација, како и имотен лист и геодетски елаборат.