Барања за финансиска поддршка за рурален развој по електронски пат

Од јуни годинава барањата за финансиска поддршка по мерките од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој ќе можат да се доставуваат по електронски пат, сооопшти Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, објави МИА.

– За таа цел Агенцијата ги известува сите странки кои во иднина планираат да достават Барање за финансиска поддршка по Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој навремено и целосно да ги ажурираат сите податоци за земјоделските стопанства запишани во Единствениот регистар на зeмјоделски стопанства. Ажурирањето на податоците може да се изврши во подрачните единици на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство каде е регистрирано земјоделското стопанство, се вели во денешното соопштение.

Во него се додава дека податоците кои задолжително треба да се содржани во Регистарот за поднесување на е-Барање за финансиска поддршка за физички лица се статус на барателот, име, презиме, пол, ЕМБГ, датум на раѓање, седиште на барател, адреса, место, општина, подрачна единица, регион, поштенски број, телефон или мобилен телефон и е-маил адреса.

За правни лица треба да се достават податоци за статус на барателот, назив на правно лице, управител, пол (Барател/Управител), ЕДБР, ЕМБС, датум на раѓање (Барател/Управител), седиште на барател, адреса, место, општина, подрачна единица, регион, поштенски број, телефон или мобилен телефон и е-маил адреса.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.