петок, 26 мај 2017  |  Вести денес: 28

Барањата за азил во Германија во март намалени за две третини

Бројот на барања на азил во Германија во месец март се намалени за 66 отсто на околу 20.000, објави денеска германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезиер.

133119011

Поврзани вести

-Во септември добивме 120.000 барања за азил, во февруари 60.000, а во март околу 20.000 луѓе побараа азил, изјави Мезиер, еден месец откако земјите долж „балканска рута“ ги затворија своите граници за бегалците кои одат кон ЕУ и пред се Германија.

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, Мезиер оцени дека договорот ЕУ-Турција, со кој на предлог на Германија беше запрен приливот на бегалци кон Европа, претставува „добар старт“.

Според него, и покрај позитивниот развој, сепак прерано е да се даваат проценки за целата година.

– Се уште не знаеме дали можат да се појават алтернативни рути, како онаа што води од Либија до Италија и како Италија ќе реагира, предупредува германскиот министер.

Најчитани вести