ОН со барање за итен пристап до Алепо

ОН побараа итен пристап до источниот дел од Алепо за да се потврди дека Русија прекинала со воените операции и да ја следи евакуацијата на цивили и повелекувањето на борци на опозицијата.

Специјалниот пратеник на ОН за Сирија, Стафан де Мистура изјави по вонредната средба на СБ на ОН дека вооружени групи држат под контрола околу 5 квадратни километри во источно Алепо.

Тој додаде дека стравува за судбината на оклу 50.000 цивили за кои се смета дека се во источните делови од градот каде има околу 1.500 борци од кои 30 отсто се на Фатах ал Шам, блиски до Ал Каеда.

Тој рече дека не е јасно дали борците ќе го напушптат градот со оружјето и ота прашње се разгледува. Де Мистура наведе дека е можно Идлиб да биде следната цел на сириската армија.