Барање за субвенции поднеле 85 отсто од кумановските млекопроизводители

Барање за субвенции поднеле 85 отсто од кумановските млекопроизводители
Барање за субвенции поднеле 85 отсто од кумановските млекопроизводители
Речиси 85 проценти од производителите на млеко од општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане досега поднеле барање за субвенции  до подрачната единица на Mинистерството за земјоделство, водостопанство и шумарство за произведено и предадено млеко во производните капацитети, информираа денеска надлежните од подрачната единица.
– Деновиве очекуваме и останатите сточари да ги достават фактурите за произведено и предадено млеко за октомври, ноември и декември минатата година, кои ќе бидат ажурирани, изјави раководителот на подрачната единица, Насер Даути.
До денеска апликација поднеле 930 сточари за последните три месеци од 2015-тата година. Од Подрачната единица очекуваат за субвенции за млеко до крајот на април  да аплицираат 1.300 производители на млеко, од кои 80 отсто за произведено и предадено кравјо млеко, а 20 отсто за овчо и којзо млеко.
Во меѓувреме, нагласи Даути ќе започне  и програмата за финансиска поддршка за земјодeлството за 2016-та која е предвидена  од Владата на РМ, при што во начинот на аплицирање има воведено измени со кои аплицирањето е поедноставено.
– Новитет е што сите земјоделци, апликанти што ги имаме евидентирано во фармрегистарот, периодично ќе бидат информирани. Годинава им е овозможено да аплицираат по електронски пат без разлика дали се правни или физички лица. Останува можноста да аплицираат и кај нас во Подрачната единица, во Агенцијата за поттикнување и развојот на земјоделството, истакна Даути.

Тој информираше дека придобивките се повеќекратни, земјоделците ќе добијат директен пристап до програмата, ќе се намалат турканиците во подрачните единици, а секој апликант кој го има уредено досието во фармрегистарот ќе може да аплицира и од дома.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.