Барбара Буш одбива натамошен лекарски третман

Барбара Буш, сопругата на поранешниот американски претседател Џорџ Х.В. Буш, има сѐ послабо здравје и одлучила повеќе да не се лекува, објави во неделата канцеларијата на поранешниот претседател во Хјустон.

Поранешната прва дама на САД „ќе се фокусира наместо тоа на палијативната грежа“. Таа сега има 92 години и со поранешниот претседател е во брак 73 години. Во кусото соопштение не се наведува од што боледува, но се наведува дека неодамна повеќепати била во болница.

Телевизијата CNN објавува дека Барбара Буш боледува од хронична опструктивна болест на белите дробови и конгестивно затајување на срцето, како и дека прима медицинска помош во домот.

Барбара Буш е сопруга на 41-от американски претседател кој сега има 91 година, и мајка на 71-годишниот Џорџ В. Буш кој беше 43-от претседател на САД.