Барби покрај име, имала и презиме

Најпознатата кукла во светот Барби  всушност се презива Робертс. Ова откритие ги шокираше фановите низ целиот свет.

Одбележувајќи го неодамнешниот Национален ден на браќа и сестри, официјалниот Твитер профил на Барби објави фотографија со нејзините „сестри“, кои им го честитаат денот на сите свои фанови.

Среќен Национален ден на браќа и сестри ви посакуваат сестрите Робертс, стои во твитот.

Креирана од бизнисменката Рут Хeндлер во 1959 година, која дошла на идеја откако во Германија видела слична кукла, Барби била наречена Барбара Милисент Робертс, според името на ќерката на Хeндлер. Низ годините полното име било занемарено, па куклата се здоби со светска слава само како Барби.

Серијата романи од 60-ите години го открија целосното потекло на Барби, па така нејзините родители се викале Џорџ и Маргарет и биле од измислениот град Вилоус, Висконсин.

Нејзиното момче Кен, кој исто така има презиме – Карсон, се појави во 1961 година.

Твитот на Барби доби над 10.000 лајкови, но голем број фанови побараа од компанијата „Мател“ да го покаже нејзиниот извод.