Барди во ТОП 10 најдобри фудбалери на ЕП во Полска според англискиот Скај Спортс

Македонската младинска репрезентација до 21 година го заврши историското Европско првенство во Полска со два порази и еден нерешен резултат, но и со добри вибрации и игра која ветува светла иднина на македонскиот фудбал.

Последен, кој испрати признание на сметка на Енис Барди, е англиски „Скај Спортс“. Популарниот спортски табллоид го смести Барди меѓу најдобрите 10 фудбалери, кои се истакнаа на ЕП во Полска.

Покрај него место во најдобрите десет најдоа Асенсио и Саул Нигез од групата Б, Моусон, Абрахам и Скриниар од групата А и Пелегрини, Бернадешчи, Кемпф и Мејер од групата Ц.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.