Македонија

Баритонот Борис Трајанов ќе ја прими наградата Национален уметник

Баритонот Борис Трајанов ќе ја прими наградата Национален уметник

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов денеска ќе ја додели титулата Национален уметник на Република Македонија на баритонот Борис Трајанов.

На свечената церемонија на доделувањето на наградата, свое обраќање ќе имаат претседателот Иванов и министерот за култура, Елизабета Канческа – Милевска.

Признанието се доделува согласно Законот за Национален уметник на Република Македонија. Досегашни добитници на титулата Национален уметник на Република Македонија се Есма Реџепова-Теодосиевска, Симон Трпчевски и Милчо Манчевски.