Баркли не се пали на Јунајтед, Сити, Челзи и Арсенал

Репрезентативецот на Англија и еден од најзаслужните за одличните резултати на Евертон во актуелната сезона од англиската Премиер лига, Рос Баркли откри дека не е заинтересиран за никаква промена на клупската средина и додаде дека сака да остане на „Гудисон Парк” уште неколку сезони.

Младиот играч за врска е проценет на 35 мил. фунти, а интерес за неговите услуги покажаа најголемите клубови на Островот.

„И ова е голем успех. Само што пристигна на “Гудисон Парк”, Роберто Мартинез вети дека Евертон ќе игра европски фудбал следната сезона. Го исполни даденото ветување. И фудбалерите и фановите сигурно ќе уживаат во европската авантура. Пред неколку години Евертон беше дел од Лигата на Европа и многу добро ги паметам тие натпревари. Беше фантастично, но можам само да замислам како ќе ми биде кога ќе добијам шанса да одиграм еден таков натпревар”, изјави Баркли.