Балкан

Баросо во посета на Тирана

Баросо во посета на Тирана

Претседателот на Европската комисија (ЕК), Жозе Мануел Баросо денеска пристигна во Тирана и ја започна средбата со албанскиот премиер Еди Рама.

Според официјалното сооопштение на албанските власти, за време на посетата на Тирана, Баросо ќе има и средба со највисоките преставници на судските власти , бидејќи според медиумите во Тирана, ЕУ очекува од Албанија најголемите реформи да бидат во судството.

Баросо пристигна во еднодневна посета на Албанија на само шест дена по добивањето на кандидатскиот статус на Албанија, а најавени се средби со албанскиот државен врв и преставниците на опозицијата.