Спорт

Барса му ги спакува куферите на Манчестер Сити, рутинска победа на ПСЖ

Барса му ги спакува куферите на Манчестер Сити, рутинска победа на ПСЖ

Пласман во следната, 1/4 финална рунда од најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони, обезбедија и фудбалерите на Барселона и на ПСЖ.

Реванш дуелот помеѓу шампионот на Шпанија, Барселона и најбогатиот клуб од англиската Премиер лига, Манчестер Сити, заврши со минимален но сосема заслужн триумф на каталонскиот гигант од 2:1.

Барса дојде во водство со погодокот на Лионел Меси, на 1:1 израмни капитенот на Манчестер Сити, Винсент Компани, а последниот погодок на натпреварот, постигнат во судиското продолжение беше дело на бразилскиот интернационалец, Дани Алвеш.

Избраниците на Мануел Пелегрини не го исполнија даденото ветување дека ќе ја анулираат негативата од два гола која што ја имаа по првиот натпревар кој беше одигран на „Итихат”, а како и во Манчестер, така и на „Ноу Камп”, Сити натпреварот го заврши со еден играч помалку.

Поради неспортско однесување, втор жолт картон во 78 минута, заработи аргентинскиот интернационалец Пабло Забалета.

Рутинска победа од 2:1, над германскиот бундеслигаш Баер Леверкузен, забележа актуелниот шампион на Франција, тимот на ПСЖ.

Гостинот дојде во водство со погодокот на Сидни Сем, на 1:1 израмни бразилскиот интернационалец Маркињос, а победнчкиот погодок, постигнат во 53 минута беше дело на репрезентативецот на Аргентина, Езекил Лавеци.