Барса го освои каталонскиот Суперкуп

Фудбалерите на Барселона го освоија каталонскиот Суперкуп откако во финалето во Леида го победија градскиот ривал Еспаљол со 4:2, по изведувањето на пеналите.

Во регуларните 90 минути немаше годови, па прашањето на победникот требаше да биде решено со удари од „белата точка“. За Барселона погодија Пако Алкасер, Серхио Паленсиа, Фернандо Мина и Абел Руиз, додека за Еспањол прецизни беа Алехандро Лопез и Марио Ермосо.

Барселона настапи со „Б“ екипата без главните играчи кои добија одмор.

Каталонскиот суперкуп се игра од 2014 година, и тоа на секои две години, па ова беше неговото трето издание. Во финалето се среќаваат двете најдобри пласирани каталонски екипи во шпанското првенство, а тоа досега беа Барселона и Епсаљол.

Оваа сезона за пласман во финалето се бори Гирона којашто е моментално на седмото место, додека Еспањол е на 15-то место.

Во првата сезона од католонскиот Суперкуп славеше Барселона, додека за натпреварувачката 2016-та победник беше Еспаљол.