Барса го прегази Вилјареал, Реал поразен од Севилја

Во заостанатите натпревари од 34-то коло од шпанското фудбалско првенство Барселона на „Камп Ноу“ го совлада Вилјареал со 5:1 (3:0), додека Севилја на својот „Санчез Пуцхуан“ го надигра Реал Мадрид со 3:2 (2:0).

Головите за Барселона ги постигнаа Кутињо во 11, Паулињо во 16, Меси во 45 и Дембеле во 87 и третата минута од судиското продолжување, додека за Вилјареал во 54 минута беа Сансоне.

Севилја до победата против „кралскиот клуб“ ја поводоа Бен Једер во 26 и Лајун во 45 минута, во продолжението Серхио Рамос прво во 58 минута не реализираше пенал со кој ќе намалеше на 1:2 за во 84 минута постигна автогол за водство на домашните од 3:0. На 3:1 намали Борха во 87 минута, а Рамос во шестата минута од судиското продолжение го реализираше вториот пенал досуден во полза на Реал.

Барселона којашто уште претходно го обезбеди првото место има 90 бодови, 15 повеќе од второт Атлетико, а 18 од третиот Реал. Вилјареал е шести со 57, а Севилја е седма со 54 бодови. Од Примера испаѓаат Депортиво, Лас Палмас и Малага.