Барса го продава Алвеш на Сити за 15 милиони фунти

Близок извор до таборот на каталонскиот гигант Барселона потврди дека клупските челници се подготвени за долго најавуваниот прекин на соработката со бразилскиот интернационалец, Дани Алвеш.

“Голема е веројатноста дека Алвеш ја игра последната сезона на ’Ноу Камп’. Далеку од тоа дека клупските челници не се задоволни од неговите партии или од неговиот ефект, но сега е вистинскиот момент за да заработат посериозна парична сума. Во неговиот договор има и ослободителна калузула од 30 мил. фунти, но претседателот на Барселона ќе седне на преговарачката маса и доколку официјалната понуда за десниот бек не биде помала од 15 мил. фунти”, изјави анонимниот извор од „Ноу Камп”.

Шпанските медиуми се убедени дека англсикиот премиерлигаш Манчестер Сити важи за најголем фаворит кога е во прашање потписот на репрезентативецот на Бразил, кој во изминатите неколку недели е поврзуван и со трансфер во редовите на францускиот гигант ПСЖ.